Вашингтон: Најголемите автомобилски компании денеска повторно ќе бараат помош за спас

Директорите на трите најголеми автомобилски компании во Соединетите Држави, Џенерал Моторс, Форд и Крајслер, денеска повторно ќе побараат од владата финансиска помош за спас на компаниите од колапс. Тие денеска ќе се обидат да ги убедат законодавците дека итно им се потребни 35 милијарди долари владини кредити.