Белград: Постигнат договор Србија да ја применува трговската спогодба со ЕУ од 1 јануари

Српскиот министер за економија Млаѓан Динкиќ изјави дека е постигнат договор од 1 јануари 2009 година да почне да се применува Трговската спогодба со ЕУ и најави дека Нацрт буџетот за 2009 би требало да биде усвоен најдоцна до петок.Според Динкиќ, Трговската спогодба со ЕУ е важна поради тоа што од Унијата се очекува да ги поддржи макроекономските реформи во Србија и поради тоа би било несоодветно Србија да не почне со спроведување на тој договор.