Скопје: Македонија со пораз ги започна настапите на ЕП во ракомет

Македонската женска ракометна репрезентација на почетокот од европското првенство синоќа во Скопје загуби од Германија со 25-22. Во другиот натпревар од оваа група Хрватска ја совлада Србија со 30-26. На 8-то ЕП чиј домаќин до 14 декември е Македонија, учествуваат 16 европски селекции поделени во четири групи. Освен во скопската сала „Борис Трајковски“, натпреварите се играат и во салата „Билјанини извори“ во Охрид. Во вториот круг ќе се пласираат првите три екипи од секоја група.