Њу Делхи: Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе допатува во Индија

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе допатува во Индија, во рамките на обидите на Вашингтон да се ублажат тензиите по терористичките напади во Мумбаи во кои загинаа 183 лица. Во Индија и во Пакистан деновиве ќе престојува и адмирал Мајк Мален, началник на здружениот генералштаб на американската војска.