Белград: Менувањето на кумановскиот договор не значи и враќање на српската војска на Косово

Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац изјави дека иницијативата за менување на Кумановскиот договор не значи и враќање на војската на Србија на Косово. ,,Сметаме дека во овој момент тоа нема да придонесе за стабилноста во регионот,, вели Шутановац. Претседателот на Србија Борис Тадиќ и началникот на Генераштабот Здравко Понош деновиве најавија дека ќе бараат измена на договорот потпишан во Куманово со кој заврши воената интервенција на НАТО врз Србија.