Бомбај: 195 загинати во кризата со исламските милитанти

Индија се соочува со штетите по три дневната криза предивикана со нападите на осомничени исламски милитанти во Мумбаи. Според кризниот штаб вкупно загинале 195 а се ранети 295 лица. Властите во Индија потврдија дека командосите ја превзеле контролата и врз луксузниот хотел Таџ Махал и дека се убиени тројцата милитанти кои продолќиле да се борат. Жртвите се претежно индијци, но има и околу 20 странци односно американци, израелци, французи и други. Индиските власти се уште работат врз утврдувањето на идентитетот на групата одговорна за нападите во Мумбаи.