Вашингтон: Буш го поздрави изгласувањето на договорот меѓу Ирак и САД во ирачкиот парламент

Американскиот претседател Џорџ Буш го поздрави изгласувањето во ирачкиот парламент на договорот со Соединетите Држави за заминување на американските сили од Ирак во 2011-та година. За договорот, во Ирак, на барање на сунитските партии, во наредната година ќе биде организиран и референдум. Радикалниот шиитски верски лидер Моктада Ал Садр, пак денескапрогласи три-дневна жалост поради усвојувањето на безбедносниот договор со Соединетите Држави и повика на одржување мирни демонстрации во Ирак.