Пекинг: Најавата за средба на Саркози со Далај лама причина за повлекување на Кина од самитот со ЕУ

Кина данеска соопшти дека најавата за средба меѓу францускиот председател Никола Саркози и духовниот лидер на Тибет Далај Лама е причина за повлекувањето на Пекинг од самитот Кина – Европска Унија за светската економска криза. Кина пред неколку дена го предупреди Сакрози дека Европската Унија ризикува да ги изгуби тешко стекнатите добри врски со Пекинг доколку тој се состане со Далај Лама, кој за Пекинг е сепаратист.