Каракас: Русија ќе и помогне на Венецуела да развие нуклеарна програма за мирољубиви цели

Русија се согласи да и помогне на Венецуела да развие нукларна програма за мирољубиви цели. Тоа е само еден од договорите, меѓу кои и за индустриска и нафтена соработка, што во Каракас ги потпишаа Претседателите на Венецуела и Русија Уго Чавез и Дмитриј Медведев.