Прага: Уставниот суд на Чешка процеи дека Лисабонскиот договор е во согласност со уставот

Уставниот суд на Чешка процени дека Лисабонскиот договор за реформите во Европската унија е во согласност со уставот на земјата. Со денешната одлука се расчистува патот за ратификација на овој договор во чешкиот парламент. Шефот на држвата Вацлав Клаус вчера во Уставниот суд во Брно изјави дека договорот го намалува суверенитот на земјата. Чешка која од први јануари станува претседавач на Унијата е последната евро членка која се уште не се изјаснила за Лисабонскиот договор.