Гренланд: Граѓаните на Гренланд одобрија план за поголема автономија од Данска

Граѓаните на Гренланд го одобрија планот за поголема автономија од Данска, покажуваат официјалните резултати од референдумот. Седумдесет и шест насто од гласачите позитивно се изјасниле Гренланд да има поголема контрола врз локалната полиција, судовите и крајбрежната стража, како и да воведе сопствен официјален јазик.