Брисел: ЕК се очекува утре да предложи мерки за стимулација на европската економија

Европската Комисија се очекува утре да предложи мерки за стимулација на европската економија, погодена од рецесија. Како што пренесува Ројтерс, меѓу мерките се намалување на Данокот на Додадена Вредност и повик до Европската Централна Банка да ги намали каматните стапки. За конечната верзија на мерките, претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо ќе има консултации со претставници на националните влади, а потоа ќе се расправа на самитот на Унијата во почетокот на наредниот месец.