Прага: Чешкиот уставен суд расправа за лисабонскиот договор

Чешкиот Уставен Суд денеска ја започна расправата за тоа дали Лисабонскиот Договор за реформи на Европската Унија е во спротивност со Чешкиот устав. Меѓу учесниците во расправата е и чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој е противник на Договорот. Чешка е последната земја членка на Европската Унија која треба да се изјасни за Лисабонскиот Договор.