Свет: Цената на нафтата порасна на речиси 55 долари за барел

Цената на нафтата на светските берзи вчера порасна и достигна речиси 55 долари за барел, во очекување земјите производители повторно да го намалат производството. Претседателот на ОПЕК Шакиб Хелил изјави дека ќе биде неопходно намалување на производството за милион барели дневно, за да го поддржат пазарот на нафта во сопствените држави. До порастот на цената според аналитичарите доаѓа и поради падот на вредноста на американскиот долар. Инаку, во Македонија од ноќеска на полноќ цената на бензините е намалена за 4,5, а на дизелот за 3,5 денари за литар.