Осло: Премиерот Груевски во посета на Норвешка

Делегација на владата на Република Македонија предводена од премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Кралството Норвешка. За време на посетата, премиерот Груевски ќе биде примен кај Кралот Харалд петти, а ќе има средби со неговиот норвешки колега Јенс Столтенберг и со членови на владата, со претседателот на парламентот, како и со норвешки стопанственици, потенцијални инвеститори во Македонија. Целта на посетата, како што соопшти владината прес-служба, е унапредување на билатералните односи и развивање и продлабочување на соработката на политички и економски план, како и во однос на интегрирањето на Република Македонија во НАТО.