Тбилиси: Обвинувања меѓу Москва и Тбилиси за отварањето на оган врз конвојот на Сакашвили и Качински

Тензии меѓу Москва и Тбилиси, ја одбележува прославата на Грузија на пет годишнина од т.н. про-западна ,,Розова револуција“. Имено, Грузија ги обвини руските трупи стационирани во близина на сепаратискиот регион Јужна Осетија дека се виновни за отварањето на оган врз конвојот возила во кој се наоѓаа грузискиот претседател Михаел Саакашвили и полскиот претседател Лех Качински. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли обвинувањата и посочи дека станува збор за намерна провокација од страна на грузиските власти.