Лима: Јапонскиот премиер најави сериозни разговори со Русија за територијалните несогласувања

Јапонскиот премиер Таро Асо изјави дека на Азиско – Пацифичкиот самит за економска соработка, ќе има сериозни разговори со рускиот претседател Дмитриј Медведев за меѓусебните територијални несогласувања. Самитот започнува денеска во Перу, а Таро Асо изрази очекување дека на маргините, со Медведев ќе успеат да направат чекор напред кон надминување на спорот околу Курилските Острови.