Москва: Законот за продолжување на претседателскиот мандат изгласан во долниот дом на парламентот

Долниот дом на Рускиот парламент го изгласа законот со кој се продолжува мандатот на претседателот на државата од 4 на 6 години. Законот мора да помине и во горниот дом, а ќе важи од наредните претседателски избори. Се смета дека со овој акт се подготвува теренот за враќање на Владимир Путин на претседателската функција во Русија, откако ќе му истече мандатот на актуелниот претседател Дмитриј Медведев.