Скопје: Денеска почнува транспортот на опремата за гасната централа

Транспортот за опремата наменет за топланата Скопје Север која се наоѓа на македонско-грчката граница, ќе започне денеска во 8 часот по трасата за која јавноста веќе е информирана отккао турската компанија „Анатолија Лоцистикс“ ја обезбеди потребната документација и дозволи за опремата, соопшти МВР. Во соопштението се додава и дека истовремено тоа ќе значи воведување на посебен сообраќаен режим по делниците по кои ќе се врши транспортот.