Вашингтон: Помал раст и повеќе пари за земјите во развој догодина

Во глобалната криза сиромашните се најранливи и ке им треба помош од побогатите земји, изјави директорот на Светската Банка Роберт Зелик. Проценките се дека растот на земјите во развој ке падне од 6,4 на 4,6 насто поради што Светската Банка идната година ке треба да им позајми 35 милијарди долари. Годинава таа сума изнесуваше 13,5 милијарди долари.