Приштина: Протест под мотото „Да го одбраниме Косово“

Во Приштина денеска се одржува протест, под мотото Да го одбраниме Косово, против планот од 6 точки на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун во врска со распоредувањето на мисијата ЕУЛЕКС. Организаторите на протестот, движењето Самоопределување и уште неколку невалдини организации, сметаат дека со планот на Бан Ки Мун се исполнуваат барањата на Белград и мисијата ЕУЛЕКС не се распоредува на целата територија на Косово.