Багдад: Состанок меѓу американски, ирачки и турски претставници за борбата против курдските бунтовни

Американски, ирачки и турски официјални претставници одржуваат состанок во Багдад, посветен на унапредувањето на меѓусебната соработка против курдските бунтовници, кои од Ирак вршат напади врз Турција. Анкара веќе дејствува против курдските бунтовници во северен Ирак. Курдската работничка партија, Вашингтон и Багдад ја сметаат за терористичка, но предупредија дека турскиот воен одговор може да го дестабилизира Ирак.