Беград: Србија ќе ја тужи Хрватска за етничко чистење и воени злосторства

Србија ќе поднесе тужба против Хрватска за извршени воени злосторства и за етничко чистење на српското малцинство во земјата за време на војната од 1991 до 1995 година, како одговор на обвинувањата на Загреб за геноцид поднесени до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, најави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.Српските власти ја објавија оваа одлука вчера откако Меѓународниот суд во Хаг се прогласи за надлежен за тужбата со која Хрватска ја товари Србија за геноцид извршен како што тврди, на нејзина територија за време на војната во 1991 во 1995 година.