Балкан: Песимизам на Балканот во поглед на идниот развој и можното членство во ЕУ

Освен во Црна Гора и на Косово, на западниот Балкан преовладува песимизам во поглед на идниот развој и можното членство во Европската унија, покажува истражувањето на Галуп Балкан Мониторинг. Само 29 отсто од Хрватите сметаат дека членството во ЕУ ке биде позитивно. Паралелно со тоа, 61 отсто од Хрватите очекуваат дека економскиот амбиент во земјата во наредните години ќе се влошува.Такво мислење во Србија застапуваат 42 отсто, во Црна Гора 28 отсто, а на Косово 25 проценти.