Стразбур: Европскиот парламент ќе расправа за резултатите од самитот на Г20

Денеска во Стразбур Европскиот парламент ќе расправа за резултатите на самитот на Групата 20 одржан деновиве во Вашингтон. Најавено е дека на седницата ќе присуствуваат и францускиот претседател Никола Саркози, чија земја е актуелен претседавач на Европската Унија и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо.