Белград: Главниот обвинител на хашкиот трибунал Брамерц на разговори со српскиот државен врв

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц, кој престојува во дводневна посета на Белград, денеска ќе има одвоени средби со српскиот претседател Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ и со шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ. Портпаролот на Брамерц, Олга Карван изјави дека главни теми на сите состаноци ќе биде соработката на Белград со Хашкиот трибунал и подготовките за изештајот за Советот за безбедност на Обединетите нации во декември. Од оценката на Брамерц за соработката на Србија со Трибуналот ќе зависи одлуката на Европската унија за примена на Времената спогодба и почетокот на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Брамерц, врз основа на разговорите со српските власти, ќе изготви редовен шестмесечен извештај за соработката со Трибуналот, кој ќе го поднесе до СБ на кон крајот на овој месец, а ќе го претстави на седница на средината на декември.