Вашингтон: Стабилизирањето на економијата и безбедноста приоритети на Обама

Новоизбраниот американски претседател Барак Обама, во неговото прво интервју, по победата на изборите, изјави дека стабилизирањето на економијата и националната безбедност ќе бидат негови приоритети откако ќе ја превземе должноста во Јануари. Обама исто така рече дека ќе настојува да ги повлече војниците од Ирак и дека ќе го затвори затворот во воената база Гвантанамо во Куба.