Багдад: Ирачката влада одобри американските трупи да останат во Ирак уште три години

Ирачката влада го одобри безбедносниот пакт со Вашингтон, со кој се предвидува американските трупи да останат во земјата уште три години. Контроверзниот документ ќе биде доставен до ирачкиот парламент кој треба да гласа за него. Портпаролот на владата Али Ал Дабах изјави дека 27 владини министри го поддржале документот. Како што јавуваат агенциите, ова е голем чекор во напорите да се балансираат ирачките барања за зачувување на суверенитетот со стравот за безбедносната состојба. Мандатот на Обединетите Нации со кој се гарантира присуството на американските трупи и други странски сили во Ирак, истекува на 31 декември годинава.