Вашингтон: Хилари Клинтон меѓу кандидатите за државен секретар

Сенаторката Хилари Клинтон е меѓу кандидатите за државен секретар во новата администрација, се дознава од извори на Демократската Партија блиски до транзициониот тим на ново избраниот претседател Барак Обама. За функцијата шеф на американската дипломатија се спомнуваат и имињата на сенаторот Чак Хагел, Републиканскиот сенатор Џон Кери и гувернерот на Њу Мексико Бил Ричардсон кој е од латино американско потекло.