Брисел: Евро зоната за прв пат во рецесија

Петнаесетте земји на Европската Унија кои се во таканаречената евро зона за прв пат од постоењето на еврото паднаа во рецесија, покажуваат податоците, објавени денеска во Брисел во кои се наведува дека бруто домашниот производ веќе два месеца бележи пад од нула запирка два процента. Преостанатите земји од Унијата ја избегнале рецесијата само затоа што не се дел од евро зоната.