Брисел: Наскоро можни дополнителни контакти со Иран

Еврокомесарот за надворешна политика Хавиер Солана денеска изјави дека наскоро ќе бидат можни дополнителни контакти со Иран во обидот да биде решен спорот со нуклеарната програма на таа земја. Тој ова го изајви ден откако петте постојани членки на Советот за безбедност плус Германија вчера не успеаа да постигнат согласност околу натамошните чекори во убедувањето на Техеран да се откаже од збогатувањето ураниум.