Москва: Русија ќе одговори со свој ракетен систем ако се реализира американскиот антиракетен штит

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе размести ракетен систем во своите западни енклави, доколку американскиот план за разместување на антиракетен систем во Европа, стане реалност. Лавров практично го повтори ставот на претседателот Димитриј Медведев кој минатата недела изјави дека ракетниот систем Искандер, ќе биде разместен во Калињинград, како одговор на америкнаскиот штит.