Вашингтон: Обама планира регионален пристап на војната во Авганистан

Новоизбраниот американски претседател Барак Обама планирал регионален пристап на војната во Авганистан, вклучувајќи и можни разговори со Иран, пишува денешен Вашингтон пост, повикувајќи се на советниците на Обама. Според нив, како што додава весникот, идниот претседател сакал повеќе да ја истакне американската решеност за продолжување на потрагата по Осама Бин Ладен, бидејќи претседателот во заминување Џорџ Буш ја запоставил таа задача.