Багдад: 28 лица загинаа во две експлозии на бомби во Багдад

28 лица загинале, а над 40 биле повредени во две експлозии на бомби во главниот град на Ирак, Багдад. Првата бомба експлодирала во автобус, а само неколку минути подоцна, бомбаш самоубиец, на истото место детонирал уште една експлозија. Во Бакуба, жена самоубиец предизвикала експлозија на еден контролен пункт, при што 7 лица загинале, а 14 биле повредени.