Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел ке одржат состанок на кој главна тема се очекува да биде продолжувањето на разговорите за партнерски договор со Русија. Разговорите без ставени во мирување поради воениот конфликт мегу Русија и Грузија во август годинава. Во средата европската комисија препорача тие да се обноват на што се спротиставија Полска и Литванија бидејки според нив Москва не направила доволно за реализацијата на мировниот договор со Тбилиси. Некои агенции јавуваат дека министрите ке разговараат и за зајакнување на улогата на Унијата во Босна и Херцеговина и дека ке го поздрават тековното распоредувањето на мисијата на ЕУЛЕКС во Косово.