Москва: Повеќе од 20 лица загинале при тестирање на нуклеарна подморница на руската флота

Повеќе од 20 лица загинале, а 21 се повредени во текот на тестирање на нуклеарна подморница на руска флота во Пацификот. Претставник на руската морнарица изјави дека во текот на тестирањето на подморницата се расипал противпожарниот систем, што ја предизвилкало несреќата. Според првичните информации реакторот на подморницата работи нормално, а нивото на радијација е во дозволените граници. До несреќата дошло во Јапонското море.