Каиро: Синот на Осама Бин Ладен депортиран од Египет

Синот на терористичкиот лидер Осама Бин Ладен денеска беше депортиран од Египет, по враќањето и неуспешниот обид да добие азил во Шпанија. Нему и на неговата сопруга не им беше дозволено да се вратат во Египет, каде што живееле неколку месеци. Се верува дека двојката која претходно бараше азил во Британија, заминала за Катар.