Киркук: Затворен ирачко – турскиот нафтовод од Киркук поради експлозија

Ирачко турскиот нафтовод од Киркук до медитеранскиот Џејхан е затворен поради експлозија и истекување на нафта, јави Анатолија. Засега не се знае кога нафтоводот ке биде оперативен. Овој нафтовод е честа мета на напади на курдските бунтовници.