Загреб: Претседателот Црвенковски во посета на Хрватска

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска,каде ке има разговори со хрватскиот претседател Стјепан Месиќ, а ќе се сртене и со премиерот Иво Санадер. Црвенковски на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека официјално ќе го означи почнувањето со работа на Лекторатот за македонски јазик.
Во Загреб во истовреме денеска и утре се и министрите за внатрешни работи и за правда, Гордана Јанкулоска и Михајло Маневски кои ќе учествуваат н ЕУ - Форумот на Западен Балкан за Миграциската политика на Европската унија и визниот режим.