Брисел: ЕК повика на повторно отпочнување преговори со Русија

Европската комисија денеска повика на повторно отпочнување преговори со Русија, откако беа замрзнати по руско-грузискиот конфликт. Од комисијата соопштија дека министрите за надворешни работи би требало да се согласат да ги продолжат преговорите со Москва, на состанокот во понеделник. Продолжувањето на преговорите ќе и овозможи на Европската Унија да си ги оствари интересите со Русија, се додава во соопштението.