Вашингтон: Меккејн му честита на Обама

Мекејн го призна поразот и му ја честита победата на Обама. Тој истакна дека му ја нуди својата помош во водењето на државата, повикувајќи ги сите АМериканци да му честитаат на Обама и да се обединат, да ги премостат разликите и да ја бранат земјата во опасни времиња. И актуелниот претседател на САД Џорџ Буш по телефон му ја честитал победата на Обама. Ве очекува едно од најголемите патувања во вашиот живот. Честитки и уживајте, му рекол Буш на Обама. Портпаролката Дана Перино изјави дека Буш го повикал Обама и неговото семејство наскоро да ја посетат Белата куќа. Барак Обама е 44-ти претседател на САД и на функцијата ќе стапи на 20 јануари идната година. Оженет е со Мишел Робинсон и има две ќерки.