Свет: Автомобилските компании со пад на продажбата најголем во последните 20 години

Дел од најголемите светски автомобилски компании соопштија дека имаат намалување на продажбата, најлошо во последниве 20 години, главно поради глобалната финансиска криза. Џенерал Моторс има пад од 45 насто, Крајслер 35, Форд 30, а Тојота 23 насто. Продажбата на нови автомобили паѓа и во Европа, на пример во Шпанија дури за 40 насто.