Белград: Чешкиот претседател Вацлав Клаус во посета на Србија

Претседателот на Чешка Вацлав Клаус денеска ќе допатува во дводеневна посета на Србија. Според најавите тој ќе оствари средба со српскиот претседател Борис Тадиќ, премиерот на Србија Мирко Цветкович и др. Пред неговото доаѓање во Србија, Клаус изјави дека еден од приоритетите на Чешкото претседавање со Европската Унија кое започнува од јануари ќе биде приближувањето на Србија до Унијата.