Минск: Моамер Гадафи на средби со белорускиот претседател Александар Лукашенко

Либискиот лидер Моамер Гадафи пристигна во Белорусија како дел од неговата прва посета во регионот, по падот на Советскиот Сојуз. Се очекува Гадафи и неговиот колега Александар Лукашенко да потпишат низа билатерални договори. Претходно Гадафи и неколкумина руски политичари разговарале за можноста Русија да изгради нуклеарни реактори за територијата на Северна Африка и да ја снабдува истата со нафта.