Багдад: Ирачката влада бара дополнителни сили за засилување на границата со Сирија

Ирачката влада побара зголемување на бројот на полициски сили со цел да ја засили безбедноста на границата со Сирија. Ова следува една недела по контроверзниот американски напад во соседната земја. Од ирачкото министерство за внатрешни работи соопштија дека дополнителните сили биле пратеи за да ги обезбедуваат областите во кои непознати војници би можеле да навлезат на ирачка територија.