Пекинг: Најмалку 20 лица загинаа при одрон на земјиште во северозападна Кина

Најмалку 20 лица загинале, а 42 се водат како исчезнати при одрон на земја во северозападна Кина. Несреќата се случила во текот на вчерашниот ден кога камења и карпа се срушиле во селото Чусионг. Ова подрачје претходно било изложено на обилни врнежи од дожд.