Вашингтон: Мек Кејн му се приближува на Обама во анкетите

Според анкетите, демократскиот кандидат за претседател на Соединетите држави Барак Обама, сеуште води. Меѓутоа според вчерашната анкета на Ројтерс,Сиспан и Зогби, републиканскиот кандидат Џон МекКејн му се приближува на Обама. Инаку и двајцата кандидати ова недела планираат да ја фокусираат својата кампања во државите каде гласовите се неизвесни и за републиканците и за демократите. Обама ќе ги посети државите Невада, Колорадо и Мисури, додека МекКејн Вирџинија и Пенсилванија.