Вашингтон: Гејтс не очекува НАТО сојузниците да одобрат зголемување на војската во Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека не очекува НАТО сојузниците да одобрат зголемување на бројот на војниците во борбите против талибанците во Авганистан. Според него, најверојатно Соединетите држави ќе испратат дополнителни десет илјади војници во таа земја во која сега се стационирани околу триесет и две илјади американски војници.