Брисел: Извештајот на ЕК за Македонија без датум за преговори, јавуваат агенциите

Забрзување на демократските реформи и без датум за почнување на преговорите за прием во Европската Унија. Ова, како што јавуваат агенциите, ќе биде наведено во Извештајот на Европската комисија за Македонија што треба да биде усвоен во идната недела. Со оценка дека се потребни поголеми демократски реформи ќе биде и делот на извештајот за Турција, додека, за Хрватска, покрај забелешките за судството и правата на малцинствата, Комисијата ќе препорача завршување на преговорите за прием до крајот на идната година. Брисел, како што пишува денешен Фајненшал Тајмс, очекува во наредниве три месеци да ги прими и официјалните апликации за зачленување на Србија и Црна Гора во Европската унија.