Скопје: Во извештајот на Европската Комисија Македонија нема да добие датум за преговори

Во извештајот на Европската Комисија кој се очекува да биде објавен на 6 ноември, Македонија нема да добие препорака за датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија - јавува МИА. Мегу политичките критерируми кои не ги исполнува земјата се се очекува да бидат наведени неодостаток на политички дијалог, бојкотот на опозицијата, носењето закони во Собранието по итна постапка и нерегуларностиет на последните парламентарни избори. Несериозно е, велат владини претставници за МИА да се каже дека македонско - грчките преговори за името немаат влијание на целиот процес и врз извештајот. Владата по објавувањето на извештајот ке биде во најголем дел фокусирана на претстојните локални и претседателски избори.